Основни поставки на менаџментот на синџир на снабдување и бизнис логистиката

  • Mico Apostolov
  • Liljana Zdravkovska
  • Natasa Apostolova

Abstract

Логистиката е едно од клучните прашања врзани за менаџментот на компаниите, што претставува сериозен предизвик за сите менаџери кои  конкурентност,  управуваат со напредни и сложени логистички процеси. Ова истражување се развива во три димензии на праксата на менаџментот на синџирот на снабдување: менаџмент на односите со добавувачите, менаџмент на процесот на производство и развој на производите и комерцијализација. Притоа се проучуваат односите помеѓу овие SCM практики, конкурентската предност  и  меѓународното позиционирање на компаниите. Менаџмент на логистичките процеси е стратешко управување на набавката, движењето и чувањето на материјали, делови и готов инвентар (и информации во врска со тековите) низ организацијата и маркетинг каналите на таков начин што сегашната и идна профитабилност   се  максимизирани преку  ефективно извршување на нарачките.

Published
Dec 22, 2016
How to Cite
APOSTOLOV, Mico; ZDRAVKOVSKA, Liljana; APOSTOLOVA, Natasa. Основни поставки на менаџментот на синџир на снабдување и бизнис логистиката. Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics, [S.l.], v. 2, n. 1, p. pp 36-47, dec. 2016. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/1570>. Date accessed: 23 sep. 2017.