Состојби и можности за развој на малиот бизнис во општина Гевгелија

  • Marija Magdinceva Sopova
  • Magdalena Miceva

Abstract

Значењето и важноста на малите претпријатија во глобални димензии се зголемува бидејќи претпријатија,  создаваат  нови работни места. Предмет на трудот  претставува идентификувањето на состојбата од аспект на застапеноста на малите претпријатија и можностите за развој на малиот бизнис на подрачјето на општина Гевгелија. Во трудот ќе биде даден приказ на деловните претпријатија во општина Гевгелија по број, видови и дејности преку што ќе биде прикажана состојбата на  застапеноста  на малите претпријатија во вкупниот број претпријатија. Во заклучокот од трудот ќе  бидат дадени насоки и препораки кои ќе претставуваат водич во идентификувањето на можностите за развој на малите претпријатија во општина Гевгелија.

Published
2016-12-27