СТРАТЕГИСКИТЕ АЛИЈАНСКИ И ПРОМЕНИТЕ НА КОНКУРЕНТСКОТО ОКРУЖУВАЊЕ

  • Халит Шабани
  • Афердита Шабани

Abstract

Промените на конкурентското окружување
денес, во суштина произлегуваат од незапирливиот
глобализациски процес, којшто компаниското
работење на меѓународно ориентираните бизниси го
насочува кон стратегиските алијанси. Според
дефинирањето на стратегиските алијанси, тие
претставуваат стратегиски партнерства (дури и на
поранешните конкуренти) заради постигнување
подобри перформанси на глобалниот пазар, врз
основа на комбинирање на ресурсите и можностите
при реализацијата на заедничката цел. Мотивите за
истражување на оваа проблематика произлегуваат,
пред сѐ, од потребата, преку користењето одделни
теоретски и емпириски сознанија, да се понудат
одделни одговори на дилемите при изборот на
стратегиите што ги поврзуваат алијансите. Притоа, се
нудат одделни сугестии што можат да им помогнат на
компаниите да ги изберат оние опции коишто ќе им
овозможат да ги искористат погодностите од
алиенирањето, а да ги намалат слабостите на
стратегиското поврзување.

Published
2018-09-02