ПЛАЖИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОМЕТ ВО ОПШТИНА ДОЈРАН

  • Nako Taskov
  • Tanja Angelkova
  • tatjana dzaleva

Abstract

Владата на Република Македонија го идентификуваше туризмот како приоритетен сектор за развој.

Секоја развојна стратегија за туризмот има за цел да ја обезбеди рамката и неопходната доверба на постојните актери, странските и домашните инвеститори, како и на меѓународните донаторски агенции, да се посветат на туризмот во Република Македонија.

Со враќањето на плажите и осовременување и уредување на истите и нови, Дојран повторно ќе го освојува својот туристички дух и препознатлив шарм на Дојранското Езеро и ќе ја продолжи и понапреди својата урбана традиција. По пример на многу европски метрополи Дојран може во потполност да влезе во туристичката понуда со своите плажи.

Следствено туристичката понуда на Дојран може успешно и реално да биде високо валоризирана.

References

Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за општина Дојран, Локален комитет за изработка на ЛЕАП, септември 2005

Профил на Општина Дојран, Општина Дојран 2007

Сектор за анализа на земјоделска политика, (2010), Министерство за земјодество, шумарство и водостопанство, Скопје

http://dojran-info.com

Published
2015-04-22