Историски и социјален аспект на шпанскиот јазик како дел од наставната содржина

  • Marija Todorova

Abstract

Да се учи јазик е многу повеќе од совладување и усовршување на неговите форми, структури, значења со цел да се употребува правилно во процесот на комуникација било да е тоа во рамките на наставниот или надвор од наставниот процес. Изучувањето на еден јазик опфаќа запознавање со историјата на јазикот т.е. потеклото и развојот на еден јазик, но и запознавање со социјалната страна на јазикот, како и каде се манифестира „социјалноста“ на јазикот. Едно од клучните прашања, кое всушност е и предмет на овој труд, е како да им го„предадеме“ на учениците и студентите историскиот и социјалниот аспект на јазикот при изведувањето на наставата со цел полесно и поефикасно да се совлада јазикот, во случајот шпанскиот јазик.

Published
Apr 12, 2013
How to Cite
TODOROVA, Marija. Историски и социјален аспект на шпанскиот јазик како дел од наставната содржина. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.193-202, apr. 2013. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/101>. Date accessed: 18 feb. 2020.