КОН ПРЕВОДОТ НА ЛЕНКА ОД КОЧО РАЦИН НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

  • Светлана Јакимовска

Abstract

Предмет на анализа на овој труд е препевот на култната елегија Ленка од Кочо Рацин на француски јазик. Анализата започнува со разгледување на различните аспекти кои ја сочинуваат поетската структура на Ленка, и на планот на формата, и на планот на содржината. Тоа ќе ни овозможи да увидиме дали и во колкава мера овие елементи се пренесени во францускиот препев. Анализата исто така ќе се осврне и на пристапот на преведувачот при преводот на културните елементи со кои изобилува поезијата на Рацин, пред сè, поради нејзината вкоренетост во македонската народна песна. Конечно, ваквата анализа има за цел да отвори дискусија околу можностите за ревизија на овој препев,
особено денес, кога преведувањето на македонските монументални дела на странски јазици е мошне актуелно.

Published
Feb 8, 2017
How to Cite
ЈАКИМОВСКА, Светлана. КОН ПРЕВОДОТ НА ЛЕНКА ОД КОЧО РАЦИН НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 7, n. 1, p. 33-44, feb. 2017. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/1786>. Date accessed: 24 sep. 2017.