„МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ – НОВИ ИНТЕРПРЕТАТИВНИ АСПЕКТИ

  • Толе Белчев
  • Ранко Младеноски

Abstract

Овој труд претставува интерпретација на трагедијата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински преку анализа на неколку нејзини структурни елементи кои не се опфатени со досегашните истражувања за оваа наша мошне популарна драма. На почетокот од трудот се наведуваат основните специфики на драмата како што се темата, мотивите, сижето и композицијата по што се анализираат актантните функции во петте чина од трагедијата со што, всушност, и се откриваат нови и значајни специфики на
ова драмско остварување на Чернодрински. Имено, во структурата на драмата се откриваат два глобални актантни модели со што се покажува и се докажува кохерентноста на трагедијата како целина. На пример, преку анализата на актантните функции се маркира поврзаноста на сцената со змијата од почетокот на драмата со подоцнежните предикативни функции на ликот Осман-бег. Покрај тоа, во трудот се посочува и поврзаноста меѓу фолклорниот мотив на грабнувањето на девојка од страна на змеј и грабнувањето на македонската девојка Цвета од страна на Осман-бег.
Во заклучокот од трудот се наведува дека има неколку причини за популарноста на оваа трагедија и по повеќе од еден век од нејзиното појавување, а главната причина за тоа е токму умешноста на авторот да создаде кохерентна драмска целина.

Published
Feb 8, 2017
How to Cite
БЕЛЧЕВ, Толе; МЛАДЕНОСКИ, Ранко. „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ – НОВИ ИНТЕРПРЕТАТИВНИ АСПЕКТИ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 7, n. 1, p. 85-94, feb. 2017. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/1790>. Date accessed: 24 sep. 2017.