ДОАЈЕНОТ НА ТУРСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА –ИЛХАМИ ЕМИН

  • Ivana Koteva
  • Mahmut Celik

Abstract

Предмет на нашиот интерес при истражувањето кое му претходеше на овој
научен труд беше животниот и творечки пат на Илхами Емин, односно неговиот придонес во
развојот на турската книжевност во Р Македонија. За таа цел се консултиравме со литературни
дела кои нудат многу податоци, односно зборуваат за периодот во кој што живеел и творел
„поетот на турскиот народ“. Започнувајќи од неговото раѓање во градот Радовиш, неговите
бурни школски години, па сѐ до неговото творештво и успешно дејствување во разни културни
области, уште еднаш ја докажуваме неговата голема заслуга за развојот на турската книжевност
на нашиве простори. Илхами Емин понесува уште една значајна карактеристика во
творештвото, а тоа е билингвизмот. Имено, тој твори и издава паралелно и на турски и на
македонски јазик, односно неговите дела се издаваат и во Р Македонија и во Р Турција, па затоа
можеме да кажеме дека Емин досежно и естетски ги има задолжено и турската и македонската
книжевност.

Published
Dec 29, 2018
How to Cite
KOTEVA, Ivana; CELIK, Mahmut. ДОАЈЕНОТ НА ТУРСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА –ИЛХАМИ ЕМИН. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 9, n. 12, p. 75-81, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2633>. Date accessed: 21 may 2019.