МЕСТОТО И УЛОГА НА ВЕШТИНАТА ЗБОРУВАЊЕ НИЗ НАСТАВНИТЕ МЕТОДИ

  • Marica Tasevska

Abstract

Вештината зборување претставува една од клучните вештини со коja
може да се процени познавањето на еден јазик. Значењето на оваа вештина од аспект на
јазична комуникација претставува една од главните цели на европската референтна рамка за
јазици, па оттука истата се истакнува во модерната настава по странски јазик низ сите
европски земји, во однос на изучување на граматичките правила или вокабуларот на еден
јазик. Кога зборуваме за вештината зборување во наставата по странски јазик, мислиме на
еден комплексен процес кој бил под постојано влијание од политичките и општествените
менувања, па оттука целта на овој труд е да се прикаже местото и улогата на вештината
зборување низ наставните методи, почнувајќи од граматичко-преводниот метод, директниот
метод, аудиолингвалниот и аудиовизуелниот метод, па сѐ до комуникативниот метод и
интеркултурниот приод.

Published
Dec 29, 2018
How to Cite
TASEVSKA, Marica. МЕСТОТО И УЛОГА НА ВЕШТИНАТА ЗБОРУВАЊЕ НИЗ НАСТАВНИТЕ МЕТОДИ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 9, n. 12, p. 101-108, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2636>. Date accessed: 18 nov. 2019.