КУЛТУРНОСПЕЦИФИЧНИ ФЕНОМЕНИ ВО ИНТЕРЛИНГВАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА (ГЕРМАНСКИ – МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНСКИ –ГЕРМАНСКИ)

  • Darinka Marolova

Abstract

Предмет на истражување на овој научен труд се културноспецифичните феномени
во комуникацијата меѓу говорителите на германскиот и на македонскиот јазик, како
припадници на две различни култури. За остварување на оваа комуникација е неопходно
солидно познавање на двата јазика и на двете култури. Најчесто како познавачи на двата јазика
и на двете култури се преведувачите кои, во својство на посредници, овозможуваат непречен
тек на комуникацијата. Културноспецифичните феномени се доста проблематични, затоа што за
голем број феномени од изворниот јазик не може да се пронајдат соодветни целосни преводни
еквиваленти во јазикот-цел. Оваа проблематика структурно се обработува во рамките на две
категории, т.е. како културноспецифични феномени во јазикот, и тоа во лексиката, граматиката
и графемиката; и културноспецифични феномени во начинот на комуницирање каде што
посебен акцент се става врз примената на фразеолошките изрази во комуникацијата.

Published
Dec 29, 2018
How to Cite
MAROLOVA, Darinka. КУЛТУРНОСПЕЦИФИЧНИ ФЕНОМЕНИ ВО ИНТЕРЛИНГВАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА (ГЕРМАНСКИ – МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНСКИ –ГЕРМАНСКИ). Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 9, n. 12, p. 119-128, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2638>. Date accessed: 21 may 2019.

Most read articles by the same author(s)