РЕАКТИВНА ИМПЛИЦИТНА НАСТАВА НАСПРОТИ ДИРЕКТНА ДЕДУКТИВНА ПРОАКТИВНА ЕКСПЛИЦИТНА НАСТАВА

  • Vesna Koceva

Abstract

Во овој труд се претставени резултатите од експерименталното
истражување чијашто примарна цел беше да се утврди дали имплицитната настава по
граматика на часовите по италијански јазик придонесува за подобрување на способноста за
разбирање и на способноста за продукција на целната граматичка структура во споредба со
експлицитното објаснување на граматичките правила. Во воведот накратко се посветува
внимание на објаснување на разликата меѓу имплицитната и експлицитната настава, односно се
дефинираат термините реактивна, проактивна, директна, индиректна, дедуктивна и индуктивна
настава по граматика. Во продолжение на трудот се опишува истражувачката постапка, се
претставуваат методите, техниките и инструментите на истражување, како и целите и задачите
на истражувањето, истражувачките прашања и хипотезите на истражувањето. Понатаму во
трудот се преминува кон детално опишување на спроведеното истражување и кон дискусија за
добиените резултати.

Published
Jan 28, 2020
How to Cite
KOCEVA, Vesna. РЕАКТИВНА ИМПЛИЦИТНА НАСТАВА НАСПРОТИ ДИРЕКТНА ДЕДУКТИВНА ПРОАКТИВНА ЕКСПЛИЦИТНА НАСТАВА. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 10, n. 14, p. 93-102, jan. 2020. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/3407>. Date accessed: 14 july 2020.