Ататурк, турскиот јазик и алфабетската реформа

  • Marija Leontik

Abstract

Многу малку лидери во светот, во текот на својот живот,освоиле толку многу победи на бојното поле и во областа на културата.Ататурк со сите свои карактеристики е еден од тие ретки лидери. Тојотвори нови хоризонти на Турција и на турскиот народ со својот систем наразмислување, со далекувидоста, навременото мотивирање на околинатаи поттикнувањето на активност. Ататурк, како мислител, знаеше декајазикот е еден од основните столбови на националната култура. Затоа јапоттикна јазичната реформа за да гo зближи говорниот и пишаниот јазик,и народниот јазик со јазикот на интелектуалците. Како прва етапа најазичната реформа на 1 ноември 1928 година се реализира алфабетскатареформа со што латинските букви се прифатија со закон. На овој начиналфабетската реформа стана точка на пресврт во историјата на турскиотјазик и култура и за кратко време турскиот со својата мекост и звучностповторно со сета своја убавина излезе на виделина.
Published
Nov 14, 2013
How to Cite
LEONTIK, Marija. Ататурк, турскиот јазик и алфабетската реформа. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 3, n. 3, p. pp. 167-174, nov. 2013. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/699>. Date accessed: 12 dec. 2019.