ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ ОБРАЗОВАНИЕТО, ПРАКТИКАТА И ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИТЕ ЦЕЛИ ВО ОПШТЕСТВЕН КОНТЕКСТ

  • Снежана Мирасчиева
  • Даниела Коцева
  • Емилија Петрова Ѓорѓева
  • Ирена Китанова

Abstract

Времето на брзи и големи промени во кое живееме е сигнификантно по експанзивниот развој на бројни научни дисциплини кои се одраз на теориско-методолошката парадгима во системскиот пристап. Системскиот пристап пак од своја страна е база за развој на свеста за тоа дека квалитетот на животот, воспитанието и образованието е определен од цела низа на интеракциски односи во воспитно-образовните институции. Целокупниот контекст на институциите чија основна дејност е воспитанието и образованието на младата личност меѓу другото го почитува и принципот на квалитетна практика. Во таа смисла се и низата на активности заради зголемување на квалитетот на праксата во институциите и другите релевантни установи, кои пак се последователни и инклузирани содржини во целите на дејноста. Во трудот се покренува прашањето за
поврзаноста на образованието, практиката и целите со посебен акцент на функционалната поврзаност. Прашањето во суштина е прашање за квалитетно образование кое ги опфаќа знаењата, вештините, ставовите, или со еден збор способностите и оспособувањето на личноста за квалитет во работата и животот воопшто. Тоа се разбира ја нагласува поврзаноста на теоријата и практиката и прифаќањето на истата како основно начело заради што поквалитетно дејствување. Во трудот исто така се прави
теориска анализа на односот меѓу теоријата и практиката од која произлегуваат конкретни предлози за натамошно концепирање на воспитно-образовниот процес во насока на зголемен квалитет.

Published
Jan 12, 2017
How to Cite
МИРАСЧИЕВА, Снежана et al. ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ ОБРАЗОВАНИЕТО, ПРАКТИКАТА И ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИТЕ ЦЕЛИ ВО ОПШТЕСТВЕН КОНТЕКСТ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 565-572, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1562>. Date accessed: 19 nov. 2017.
Section
Articles