ВАЛОРИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНOTO НАСЛЕДСТВО ВО ИСТОЧНA МАКЕДОНИЈА

  • Никола Бизоев

Abstract

Класичните објекти кои го претставуваат културното наследство на некое место или регион, самите по себе никогаш нема да бидат мотив за доаѓање на посетителите, доколку истите не бидат така уредени што ке одговараат на нивните современи интереси и барања. Културните ресурси само преку планирано обликување може да станат атракција, додека со процесот на интерпретација која вклучува нивна селекција и обликување или “пакување” тие стануваат производ. На содржините од развиените културни наследства се креираат атрактивни туристички производи, со што на потрошувачите ке им се нудат нови искуства, преку кои истовремено ќе се афирмираат и автентичните културни вредности. Источниот дел на Македонија се одликува со одредени специфичности од кои може да се понудат целосни приказни, има автентични споменици од културата, бројни можности за активен одмор и прилично квалитетна гастрономска понуда. Меѓутоа суштината на културниот туризам и неговиот успех лежи во тоа да одредени објекти се стават во функција на современите трендови во туризмот, односно преку вложувањата во нивната обнова да може да се создадат самостојни и самофинансирачки објекти од кои корист ке има и заедницата во која тие се наоѓаат. Пред да се почне со вложување во обновата на културните вредности, потребно е да се одреди политиката на управување со објектите, да се разработи нивната функција, да се изработи проект за обнова и идна понуда, да се усогласат прашањата околу сопственоста, да се утврдат потенцијалните инвеститори и институции кои ке управуваат со објектот. Во повеќето дестинации од источна Македонија има недостаток од хотелски капацитети како основа за развој на културниот туризам, но постојат приватни сместувачки објекти, кои можат многу лесно да прераснат во мали и фамилијарни хотели прикладни токму за развој на овој вид туризам. Резултатите добиени од направените истражувања на можностите за развој на мали и фамилијарни хотели во источна Македонија го потврдуваат тоа.

Published
Dec 30, 2016
How to Cite
БИЗОЕВ, Никола. ВАЛОРИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНOTO НАСЛЕДСТВО ВО ИСТОЧНA МАКЕДОНИЈА. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 71-79, dec. 2016. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1613>. Date accessed: 23 nov. 2017.
Section
Articles