ИНФОРМАЦИОНИТЕ СИСТЕМИ ЗА ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ КАКО ФАКТОР ЗА КУЛТУРНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ТУРИЗМОТ

  • Александар Божиновски
  • Дејан Методијески

Abstract

Во денешно време светските тенденции во туризмот подразбираат зголемено користење на информациони системи при изборот на објект за сместување од страна на туристите. Се поголем број на туристи при изборот на дестинација и објект каде ќе престојуваат за време на своето патување, се потпираат на користењето на познати информациони системи наместо да ги користат традиционалните услуги од туристичките агенции. Со користењето на приватно сместување, се остваруваат социјални контакти помеѓу туристите и локалното население, се запознава одблиску локалната култура и гостопримство. Целта на овој труд е да биде направено дефинирање и преглед на позначајните информациони системи кои нудат објекти за приватно сместување. За потребите на трудот е спроведено квалитативно истражување базирано на интернетот и табеларно се претставени позначајните информациони системи и колкава е застапеноста на објектите за приватно сместување од Република Македонија во нив.

Published
Dec 30, 2016
How to Cite
БОЖИНОВСКИ, Александар; МЕТОДИЈЕСКИ, Дејан. ИНФОРМАЦИОНИТЕ СИСТЕМИ ЗА ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ КАКО ФАКТОР ЗА КУЛТУРНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ТУРИЗМОТ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 93-99, dec. 2016. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1615>. Date accessed: 25 nov. 2017.
Section
Articles