ПРАГМАТСКО-КОГНИТИВНИОТ АСПЕКТ НА ЛЕКСИЧКОСЕМАНТИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА МОДАЛНОСТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Снежана Веновска-Антевска

Abstract

Јазичните средства и целоста на вербалната комуникација се реализира преку прагматиката и когнитивниот аспект, оттаму зборовите развиваат различни лексичкосемантички карактеристики. Само во практиката можеме да ги издвоиме основните необележани употреби и развивањето на модалноста и фигуративниот израз. Човекот вербално и невербално го означува секој исказ и отвора простор за толкување на она што го соопштува на различни начини. Како мерливи јазични средства за искажување на фигуративноста и стилската обоеност се јавуваат модалните зборови, партикулите и преку лексичкосeмaнтичката анализа доаѓаме до секундарните значења што го градат избраниот дискурс. Преку примери од македонскиот јазик се дава една насока за концептуализацијата на лексичкото значење на избрани зборови.

Published
Jan 4, 2017
How to Cite
ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана. ПРАГМАТСКО-КОГНИТИВНИОТ АСПЕКТ НА ЛЕКСИЧКОСЕМАНТИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА МОДАЛНОСТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 111-117, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1617>. Date accessed: 25 nov. 2017.
Section
Articles