ЕВАЛУАЦИЈА НА РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ПОДРАЧЈЕТО – ПОЛОЖБА НА УЧЕНИЦИТЕ

  • Лидија Гигова

Abstract

Со положбата на учениците во наставата тие се припремаат за различна улога во општеството. Од првиот ден во училиштето, на учениците им се овозможува споделување и донесување на одлуки, учење со соработка, критичко мислење, развивање на особини, интереси и можности, што е претпоставка за меѓусебно разбирање, толеранција и соработка, во двострана наставна комуникација. Наведеното бара и нова улога на наставникот, особено на интегрираното однесување и промените во образованието кои што влијаат на положбата на учениците. Следењето на квалитетот во образованието се прави со евалуација, со цел да се обезбеди можност за навремено и ефективно
образование, тоа влијание на образовниот процес е за да се постигне оптимална ефикасност и висок квалитет. Евалуацијата е оценување, проценување, вреднување, утврдување и мерење на остварените резултати. (Ѓорѓевиќ,1999). Во овој труд се разработени прашањата за положбата на учениците во училиштето и тоа: нивното задоволство, безбедноста, комуникацијата, наставните предмети, учебници итн. Исто така се презентирани резултати кои се однесуваат на различни училишта и положби на учениците во истите.

Published
2017-01-04