РЕЦЕПЦИЈАТА НА РУСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

  • Виолета Димова

Abstract

Статијата се однесува на застапеноста на руските писатели во наставната програма по македонски јазик и литература и нивната рецепција од страна на учениците во средното училиште. Во првата деценија од 21. век, руската литература и понатаму е присутна во наставата по македонски јазик и литература, но изборот на делата е различен од оној пред деведесеттите години од минатиот век, кога предност им се даваше на пообемните дела на руските класици, како што се романите „Ана Каренина“ или „Војна и мир“
од Лав Н. Толстој. Во трудот се зборува и за влијанието на преводот на делата на руските писатели на македонски јазик, како еден од важните сегменти за застапеноста на руските класици во основното, а особено во средното училиште. Од направените истражувања во средните училишта, се обидуваме да го претставиме влијанието на руската литература во наставниот процес, не само како процес на едукација, туку и како можност за компарација на интеркултурните влијанија помеѓу македонската и руската литература.

Published
2017-01-04