„КУЛТУРНА МЕДИЈАЦИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА АФИРМАЦИЈА НА ЕВРОПСКИОТ, РЕЛИГИСКИ ИДЕНТИТЕТ“

  • Христина Игнатовска-Димитрова

Abstract

Темата на овој труд оди во насока на балансирање на унифицираноста на религиозниот концепт на европско ниво, на сметка на разноликоста. Интересот се насочува кон она што еден таков заеднички концепт на почетокот, каков што претставува религискиот, понатаму различно се рефрактира низ вариитетот на европските нации. На прашањето - што имаат заедничко европските земји од религиска перспектива? - како прв фактор кој се јавува во функција на одговор е историскиот. Така се идентификуваат три формални фактори или мотиви кои се соединуваат кога е во прашање креирањето или рекреирањето на заедницата наречена Европа. Тоа се: јудео-христијанскиот монотеизам,
елинистичкиот реализам и римското уредување. Иако овие фактори се поместуваат и еволуираат со текот на времето, сепак, нивните комбинации можат да се третираат како фактори кои формираат или реформираат определен животен стил којшто денес, генерално, се препознава како европски (O`Conell, 1991:9). Во овој контекст, а согласно со наведените комбинации, религискиот аспект е очигледен и значаен за да се разбере историската комплексност на европскиот идентитет. Според генералната теорија за секуларизацијата во Европа, религијата на оваа почва навлегува хоризонтално во општеството. Оваа пенетрација всушност претставува последица на директните заговори на религијата и моќта низ историска призма. Секако, на оваа територија (национална и локална) имаме доминација на една црква којашто интегрално ги поврзува историјата и
моќта на структурите кои ја опкружуваат. Всушност, во некои места оваа практика сè уште е застапена. Сепак, системот како таков постепено дезинтегрира, иако во некои делови на Европа повеќе, а во некои помалку (Martin, 1978: 100).

Published
Jan 10, 2017
How to Cite
ИГНАТОВСКА-ДИМИТРОВА, Христина. „КУЛТУРНА МЕДИЈАЦИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА АФИРМАЦИЈА НА ЕВРОПСКИОТ, РЕЛИГИСКИ ИДЕНТИТЕТ“. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 263-273, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1637>. Date accessed: 23 nov. 2017.
Section
Articles