ВЛИЈАНИЕТО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРЗ НАСТАВАТА И ОДНОСОТ НАСТАВНИК - УЧЕНИК

  • Киро Јорданов
  • Загорка Чапова

Abstract

Социјалите мрежи земаат сѐ поголем замав во секојдневниот живот на луѓето. Евидентно е влијанието на социјалните мрежи врз секоја сфера од човековото делување, па тоа не го одминува ни образованието. Иако луѓето наивно гледаат на употребата на социјалните мрежи, тие сепак имаат извршено огромни промени на начинот на функционирање на целокупниот живот и функционирање на општеството. Прашањето што овде го поставуваме е дали и како тие влијаат на образовниот процес и на
чинителите на образованието. Стручните работници во сферата на комуникологијата, социологијата и образованието долго време предупредуваат на чувствителноста на интерперсоналните односи на наставиците и учениците кога станува збор за масовните медиуми. Неретки се случаите кога наставници се пријатели со учениците на своите приватни социјални профили при тоа навлегувајќи во нивниот приватен живот. Често може да се видат неумесни и неприкладни коментари на профилите на наставниците и учениците. Коментарите од типот: „Наставничке, најубава сте!“, „Наставниче греете“, „И јас сакам ваква прекрасна учителка“, на тоа таа одговара „Фала срце, најјака сум, нели?“ се многу чести на социјалните мрежи. Или коментари од типот: „најжешката колешка...“ двајца колеги си коментираат на социјални мрежи, а при тоа имаат ученици за пријатели ги нарушува природните односи кои треба да се негуваат во односот на релација наставник – учени и наставник – наставник. Иако многумина би искоментирале дека никој не е имун на новиот тренд и наставниците си имаат свој приватен живот, сепак треба да се има на ум и влијанието на однесувањето на наставниците врз нивната професионалност и улогата која ја играат наставниците во општеството, а посебно на учениците и образованието воопшто. Од друга страна, социјалните мрежи можат во
голема мера позитивно да влијаат на образовниот процес поради олеснетата комуникација наставник – ученик. Сето ова претставува интерес на сите чинители во образовниот процес и пошироко во општественото делување. Затоа е и неопходно истражување за да се утврдат претпоставките за влијанието на социјалните мрежи врз образовниот процес.

Published
Jan 10, 2017
How to Cite
ЈОРДАНОВ, Киро; ЧАПОВА, Загорка. ВЛИЈАНИЕТО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРЗ НАСТАВАТА И ОДНОСОТ НАСТАВНИК - УЧЕНИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 333-344, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1645>. Date accessed: 21 sep. 2017.
Section
Articles