КНИЖЕВНОСТА КАКО СВЕДОК НА ИСТОРИЈАТА

  • Верица Јосимовска

Abstract

Настаните и личностите низ историјата кои биле забележителни и важни за времето во кое се случиле честопати се предмет или тема на литературно дело. На тој начин Историјата се претвора во уметност која од голема далечина ни ги приближува важните настани кои веќе одамна би биле заборавени. Во трудот се обработуваат историски настани кои послужиле како инспирација за книжевно дело на тема болест. Тоа најчесто се дела со автобиографски елементи, како на пример Ф. М. Достоевски кој боледувал
од епилепсија како и неговиот лик, принцот Мишкин во романот „Идиот“. За туберкулозата пишувале А. Чехов и сестрите Бронте, Е. Дикинсон, за депресијата Е. Хемингвеј, В. Фокнер, Т.С.Елиот......
Конкретно за овој труд се одлучив да ги обработам историските теми за големите епидемии на чума во средниот век и колерата во 19 век и големата смртност меѓу населението, што авторите во своите дела многу реално ја прикажале. Доволно е да се анализираат десетте дена на Бокачовиот „Декамерон“, Приказната за „Сан Микеле“ од Аксел Мунте и „Смртта во Венеција“ од Томас Ман па да се да се доживеат сите ужаси што ги преживеал самиот автор.
Книжевноста описот на болестите го користи како историски доказ на животот и тродимензијалното опишување на ликовите и општеството.

Published
Jan 10, 2017
How to Cite
ЈОСИМОВСКА, Верица. КНИЖЕВНОСТА КАКО СВЕДОК НА ИСТОРИЈАТА. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 345-350, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1646>. Date accessed: 19 nov. 2017.
Section
Articles