КОСМОПОЛИТИЗМОТ ВО ТВОРЕШТВОТО НА КОЛБЕ И ЛАФАЗАНОВСКИ

  • Весна Кожинкова

Abstract

Бездомноста претставува општа појава во 20 век. Ако внимателно погледнеме во историјата на повеќе помали или поголеми заедници, ќе се соочиме со колективни трауми кои, пред сѐ, се однесуваат на домот и обездомувањето, т.е. губењето на домот како резултат на изменети и конфликтни политички околности. Литературата т.е писмото, во тој случај се јавува како конзерватор на таквите историски трауми со цел зачувување од заборавот. Нејзината цел не е само нив да ги запише, туку и да ги залечи сите искуства на трајната субјективна раселеност/невдоменост и патот до пронаоѓањето на домот. Таквиот дискурс, всушност, се обидува да допре до една филозофија на (од)домувањето која е во содејство со болката на личното постоење. Современата постколонијална критика во егзилот/обездоменоста препознава еден своевиден интернализиран прекор од татковината како симболичен родител упатен до својот заблуден син. Тој принцип означува една состојба која најопшто може да се опише како состојба на непоседување на никакво место, но која не значи и исчезнување на идентитетот. Основа за овој модалитет на домовноста, кој овој труд го именува со Светот како дом, лежи во поимот на Хајдегер за бездомништво, кое не е никакво отпадништво, туку бездомништво кое во себе носи еден активен принцип на домувањето кој значи повик за живот, за изградба,
потрага по смислата на животот. Тоа е оној тип на бездомништво како ситуација во која единката чувствува дека никаде не е дома, а всушност секаде е дома.

Published
Jan 10, 2017
How to Cite
КОЖИНКОВА, Весна. КОСМОПОЛИТИЗМОТ ВО ТВОРЕШТВОТО НА КОЛБЕ И ЛАФАЗАНОВСКИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 409-416, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1654>. Date accessed: 25 nov. 2017.
Section
Articles