МЕТАФОРИТЕ ЗА ДОН КИХОТ ВО МАКЕДОНСКИ КОНТЕКСТ

  • Сања Михајловиќ Костадиновска

Abstract

Во годината во која во Шпанија и ширум светот ќе се одбележуваат четиристотини години од смртта на Мигел де Сервантес, би сакале преку оваа статија да дадеме наш локален придонес со тоа што ќе се осврнеме на тоа како митот за Дон Кихот опстојува во македонскиот контекст. Со оглед дека хиспанистичките студии на Филолошкиот факултет во Скопје се сè уште во зародиш и немаме поопсежни проучувања на најзначајното дело на Сервантес од македонски сервантисти, одлучивме во оваа студија да направиме преглед на метафорите за Дон Кихот кои претежно со значење на битка осудена на неуспех, залуден обид или илузија се користат во медиумскиот простор, а потоа да се задржиме и на некои поетски толкувања на некои од нашите најзначајни поети како Блаже Конески, Ефтим Клетников, Радован Павловски, Петре Бакевски.
Интересна за анализа е и книгата “Дон Кихот меѓу Албанците” на академик Али Алиу, единствена од овој тип, која ја користи парадигмата на Дон Кихот за критички осврт на творештвото на најзначајните албански писатели, па оттаму ќе посветиме внимание и на ова дело кое ги става во една необична корелација и констелација трите култури: шпанската, македонска и албанската.

Published
Jan 12, 2017
How to Cite
МИХАЈЛОВИЌ КОСТАДИНОВСКА, Сања. МЕТАФОРИТЕ ЗА ДОН КИХОТ ВО МАКЕДОНСКИ КОНТЕКСТ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 591-603, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1676>. Date accessed: 24 sep. 2017.
Section
Articles