КУЛТУРНАТА ИСТОРИЈА НА ШТИП ВО ПРАИСТОРИЈАТА

  • Трајче Нацев
  • Драган Веселинов

Abstract

Културната историја на градот Штип и неговата околина, благодарение на геоморфологијата на теренот, поволните климатски и географски услови, патните собраќајници кои поминувале и минуваат низ Штип, придонеле неговиот развој да започне од најдлабоката праисторија односно од доцниот палеолит и во континуитет низ вековите да трае се до денес.
Во трудот ќе биде презентирана културната историја од палеолитот се до крајот на железното време, преку движни археолошки наоди и остатоците од праисториските објекти кои се присутни на праисториските населби: Грнчарица село Крупиште, Вршник село Таринци, Барутница село Анзабегова, Под Школо село Стар Караорман, Богослов Камен и Градиште Киево село Горни Балван и сектор Стара Кланица на Исар Штип.

Published
2017-01-12