ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА НАСТАВНИКОТ – КОМПЕТЕНТЕН НАСТАВНИК НА 21- ВЕК

  • Весна Ничева
  • Маја Ашкилова
  • Адријана Иванова

Abstract

Осигурувањето на квалитетно образование кое функционално би одговорило на новите потреби и интереси на поеднинецот во општеството во последните години неизоставно го опфаќа и прашањето на стручното оспособување наставникот , односно на неговите компетенции.
Во трудот се дадени неколку гледишта при дефинирање на поимот компетенции во денешното општество. Претставени се пет подрачја како нови компетенции: поучување со употреба на современа информациска технологија (ИКТ), интеграција на децата со посебни потреби, работа во групи со различни деца, па и мултикултурни групи, различни
административни работи, решавање конфликти. Европската комисија, ги идентификувала компетенциите кои би требале да ги имаат наставниците како би можеле на адекватен начин да одговорат на промените на општествените барањата. Како особено важна за воспитно – образовниот процес како и за резултатот од тој процес се истакнува педагошката компетенција на наставникот.

Published
Jan 12, 2017
How to Cite
НИЧЕВА, Весна; АШКИЛОВА, Маја; ИВАНОВА, Адријана. ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА НАСТАВНИКОТ – КОМПЕТЕНТЕН НАСТАВНИК НА 21- ВЕК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 663-668, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1684>. Date accessed: 20 sep. 2017.
Section
Articles