МАКЕДОНСКИТЕ ОБРЕДНИ ПОВОРКИ ВО ИСТРАЖУВАЊАТА НА НИКИТА ИЛИЧ ТОЛСТОЈ

  • Катерина Петровска – Кузманова

Abstract

Никита Илич Толстој руски славист, филолог и фолклорист, е автор на неколку стотини статии од споменатите области. Во овој текст вниманието ќе биде насочено кон статијата „Елементи на народниот театар во јужнословенската новогодишна обредност“ за првпат објавена во Зборникот „Театарски простор“ во 1979 година. Во статијата што ќе биде
предмет на интерес Никита Илич Толстој тргнувајќи по примерот на Богатирјев, Гусев, Белицки и други руски истражувачи на народниот театар ги проследува театарските елементи во обредните поворки. Во текстот „Елементи на народниот театар во јужнословенската новогодишна обредност“, авторот особено внимание им посветува на македонските Џамалари и Русалии издвојувајќи ги од другите јужнословенски обредни поворки според нивната театралност. Интересот во нашата статија ќе биде насочен кон рецепцијата на нашата традиционална култура преку анализа на обредните поворки и нивното проследување во контекст на театарското дејство со методите на Тартуско-московската семиотичка школа.

Published
Jan 12, 2017
How to Cite
ПЕТРОВСКА – КУЗМАНОВА, Катерина. МАКЕДОНСКИТЕ ОБРЕДНИ ПОВОРКИ ВО ИСТРАЖУВАЊАТА НА НИКИТА ИЛИЧ ТОЛСТОЈ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 719-725, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1691>. Date accessed: 25 nov. 2017.
Section
Articles