АРХИТЕКТОНСКИ ЗАВЕСИ ВО ПРОСТОР ПРИЧИНА ЗА ДРАМАТИЧНОСТ ВО ПРОСТОР

  • Васка Сандева
  • Катерина Деспот

Abstract

Ѕидовите се еден од основните елементи во ентериерот, односно трета димензија во просторот. Дали се многу или малку без нив немаме јасна граница за ентериерот (но некогаш и тоа е добро). По функција ѕидовите можат да бидат конструктивни (носечки), или преградни завеси па во однос на нив може повеќе да се манипулира и да се интервенира. Тоа што во секој случај може да се променува тоа е нивната завршна обработка со боја, текстура што ни нуди многу варијанти и ефекти.
Наједноставна и најефикасна преграда во ентриерот која може да го расчлени просторот се слободностоечките архитектонски завеси кои можат да бидат изработени од дрво или некакви сликарски платна во дрвени рамки кои мобилно се движат во просторот. Архитектонските завеси доаѓаат до израз во големите пространства каде што сакаме да оделиме простор по функција или едноставно да го потполниме просторот со дизајнерска интрига.

Published
Jan 16, 2017
How to Cite
САНДЕВА, Васка; ДЕСПОТ, Катерина. АРХИТЕКТОНСКИ ЗАВЕСИ ВО ПРОСТОР ПРИЧИНА ЗА ДРАМАТИЧНОСТ ВО ПРОСТОР. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 817-824, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1701>. Date accessed: 22 sep. 2017.
Section
Articles