КОРЕЛАЦИЈА И ИНТЕГРАЦИЈА НА НАСТАВНИТЕ СОДРЖИНИ СО ЕКОЛОШКА ТЕМАТИКА НА ЧАСОВИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

  • Снежана Ставрева Веселиновска
  • Снежана Кирова

Abstract

Образованието е дел од воспитанието (односно, воспитание во потесна смисла) кое го опфаќа стекнувањето на знаења, умеења и навики во секоја сфера од човековото живеење.
Во овој труд е разработено менаџирањето во воспитно – образовната компонента во заштитата и промовирањето на животната средина која претставува значајна алка во комплексот задачи кои требада бидат програмирани и имплементирани конкретно во наставните содржини по предметот англиски јазик.
Во рамките на реализацијата на проектот Интегрирано планирање на наставата за програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, кој се реализира во повеќе општински основни училишта на територијата на Р. Македонија, се дистрибуираат прашалници/анкетни листови помеѓу учениците и наставниците, со цел да се утврди нивото познавањето на екологијата и животната средина кај учениците, каков е ставот на наставниците во однос на екологијата – интегрирана во наставата во основното образование, што сé се превзема за да се имплементираат голем број на проекти и еко – активности со цел да се вклучат учениците во истите и на тој начин во иднина да ја преземат улогата на главни актери во филмот т.н. “Планетата Земја“. Од анализата се утврдија јаките и слабите страни на моменталната еколошка состојба во
училиштето. Согледувајќи ги слабите страни се дојде до заклучок дека навистина учениците имаат различни познавања и ставови во однос на екологијата, а исто така и наставниците. Во тој контекст се изразени инашите ставови и мислења за реализација на интегрирана настава преку изучување на еколошки теми на часовите по англиски јазик.

Published
Jan 16, 2017
How to Cite
СТАВРЕВА ВЕСЕЛИНОВСКА, Снежана; КИРОВА, Снежана. КОРЕЛАЦИЈА И ИНТЕГРАЦИЈА НА НАСТАВНИТЕ СОДРЖИНИ СО ЕКОЛОШКА ТЕМАТИКА НА ЧАСОВИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 877-885, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1707>. Date accessed: 19 nov. 2017.
Section
Articles