ДОСТОЕВСКИ КАКО ЛИТЕРАЛИЗАЦИЈА НА ФИЛОСОФИЈАТА НА СОЛОВЈОВ

  • Трајче Стојанов

Abstract

Достоевски е најголемиот руски книжевник. Соловјов најголемиот руски философ. Средбата на двата горостаса ќе придонесе секако за взаемно влијание. Во овој труд ние ќе го испитаме влијанието на Соловјов врз големиот руски книжевник.
Впрочем, не само што ќе го испитаме, туку ќе поставиме смела теза дека важните идеи во последната фаза од творештвото на Достоевски, се под директно влијание на Соловјов, или уште поточно, неговите идеи изнесени во Браќа Карамазови, се само „литерализација“ на философијата на Соловјов, или во најмала рака на неговите основни тези, како онаа за „сеединството“.

Published
2017-01-17