ЗАСТАПЕНОСТА НА ГЕРМАНСКИТЕ ЈАЗИЧНИ ВАРИЕТЕТИ ВО АВСТРИЈА ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК „SCHRITTE INTERNATIONAL”

  • Марица Тасевска

Abstract

Германскиот јазик припаѓа на групата на германски јазици, најблизок до англискиот и холандскиот јазик. Како мајчин јазик го зборуваат околу 100 милиони луѓе. Како прв јазик најмногу се зборува во Германија, потоа следуваат Австрија и Швајцарија, но исто така и јазик, кој го зборува и мнозинството население во Луксембург и Лихтенштајн. Со текот на времето овој јазик се развива, при што како последица од развојот се јавуваат и варијанти на јазикот, специфични за секое германско јазично подрачје. Како проучувачи на германскиот јазик, пред сè професори, кои го пренесуваат германскиот јазик и германската култура, потребно е покрај стандардниот германски јазик, проучувачите да се запознаат и со неговите јазични вариетети во различни подрачја, како и нивните култури. Целта на овој труд е да се направи анализа на еден од учебниците кои се користат при изучувањето на германскиот јазик, како странски јазик во високото образование, поконкретно да се утврди застапеноста на германските јазични вариетети во Австрија и нивните еквиваленти во Германија, како авсриската култура и традиција и начинот на кои тие се презентирани во учебниците „Schritte International“.

Published
2017-01-17