ВОСПИТНО-ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС / НАСТАВАТА ДЕНЕС

  • Маја Ѓ. Тефова

Abstract

За правилната употреба на стандарднојазичната форма на македонскиот јазик важна е улогата на воспитно-образовниот процес. Прво и најважно ваквата реализација го означува и соодносот со комуникацијата во целосното формирање на личноста. Преку овој процес ќе се издигне јазикот на висок степен: јазичниот израз во однос на културата и јазичниот израз во однос на комуникацијата. Во наставниот процес, младите го насочуваат вниманието кон негување на изразното читање, анализа на комплексни текстови аудио и визуелно, со различен јазичен израз преку дискусии, дебати, расправи за постигнување на целта-усвојување на македонскиот литературен јазик. Во наставниот процес постои интегрираност во планирањето на наставните програми и содржини, примената на дидактичко-методиските стратегии во наставата, групната и тимската работа за време на наставниот час. Се внесуваат интерактивни форми и постапки во наставниот час. Бидејќи се работи за усвојување на мајчиниот јазик и одлична комуникација се бара од учениците примена, модификација и трансформација во поглед на јазичниот систем. Посебно преку критичко размислување и интеракција се постигнува целта-одлично усвојување на целите и задачите на наставниот час и прифаќање на јазичниот код. Важна е улогата на наставникот. Тој не треба само да пренесува знаење туку и да се труди да ги охрабрува учениците, да ги мотивира, да ги зацврсти како личности со свои ставови и критериуми. Неоспорен е фактот дека се јавува и мотивацијата како клучен елемент во развивањето на свеста и љубовта кон наставниот предмет, а сето тоа постигнато преку професионализмот на наставникот, односно комуникацијата што тој ја воспоставува меѓу него и учениците во наставниот час.

Published
2017-01-17