ЗНАЧЕЊЕТО НА СОВРЕМЕНИТЕ ПЕДАГОШКИ ТЕОРИИ И НА ЕФЕКТИВНАТА ИНТЕРАКТИВНА НАСТАВА - ПОГЛЕД НА ПРАКСАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТИ И НА ЈАЗИЧНИОТ ОДДЕЛ НА МИТ ИНСТИТУТОТ

  • Свето Тоевски

Abstract

Овој труд синтетизирано анализира примена на три современи и широко застапени педагошки теории, кои се значајни заради пристапот кон дизајнирањето иновативни и напредни техники на предавање од страна на наставниците и за активното учење на студентите: теоријата на социјалниот развој на Виготски, конструктивистичката теорија на активното учење на Брунер и теоријата на „трансакционалната дистанца“ на Мајкл Мур. Колку ќе бидат интеракциите меѓу професорите и студентите и меѓу студентите поинтензивни и насочени кон врвни резултати, толку повеќе ќе има мотивација и потенцијал за развој на когнитивните способности на студентите. Трансакционалната дистанца е „когнитивен, психолошки и комуникативен простор меѓу наставникот и оној што учи“. Колку што ќе биде поголема и поразвиена интерактивноста, толку ќе биде поголем дијалогот во високообразовниот процес меѓу двата негови основни фактора: наставникот и студентот. Притоа, интерактивната настава ја намалува интеракционалната дистанца меѓу нив и ги развива когнитивните способности на студентите. Модерните педагошки теории налагаат професорот да го напушта традиционалниот стил на предавања, пасивно следени од студентите, и да ги води низ проблемите Наместо да биде и натаму „мудрец на сцена“ („sage on the stage“), професорот станува „водич од страна“ („guide on the side“), кој не е повеќе здодевен „дисеминатор на информации“, туку е „инвентивен фацилитатор на
активното учење“. Овој труд ги нализира методите на интерактивно предавање и активно учење на најдобриот лингвистички факултет во светот за 2015 година - на Одделот за лингвистика на Масачусетс Институтот за технологија - MIT од САД, со критички осврт на праксата и на дел од македонските филолошки факултети. Со методите за изведување на наставата Лингвистичкиот оддел на Масачусетс Институтот ги обврзува своите студенти дека „мора да бидат активно вклучени во предавањата, а не само пасивно да ги слушаат, оти мора да учествуваат и во разрешување проблеми од повисоко ниво на размислување, како што се анализата, синтезата и евалуацијата.“ Ефективната интерактивна настава не е доволно присутна на македонските филолошки факултети, на кои предоминира теоретската димензија на предавањата, за сметка на праксата
и на применетата лингвистика.

Published
Jan 17, 2017
How to Cite
ТОЕВСКИ, Свето. ЗНАЧЕЊЕТО НА СОВРЕМЕНИТЕ ПЕДАГОШКИ ТЕОРИИ И НА ЕФЕКТИВНАТА ИНТЕРАКТИВНА НАСТАВА - ПОГЛЕД НА ПРАКСАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТИ И НА ЈАЗИЧНИОТ ОДДЕЛ НА МИТ ИНСТИТУТОТ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 997-1016, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1720>. Date accessed: 20 sep. 2017.
Section
Articles