ЈАЗИКОТ ВО МОИТЕ СОНОВИ И СОНОВИТЕ НА МОИТЕ БЛИСКИ

  • Соња Христовска

Abstract

Соновите ни откриваат неверојатни вистини за нас самите, но ретко кој има храброст да ги прифати. Фактот дека постои поврзаност меѓу сонот и некој детал од животот, притоа расветлувајќи ја поврзаноста меѓу сонот и реалноста, доаѓаме до сознание дека соновите не се само бесмислени феномени што се појавуваат „од никаде“ и не водат никаде. Тие се место и начин за остварување на сите наши желби. Токму поради тоа, како млад проучувач на јазикот, и жена која често сонува одлучив подетално да ги
запишувам и анализирам своите сонови и соновите на моите блиски од јазичен аспект. Од собраниот материјал донесов заклучок - предмет на ова истражување да биде јазикот и сите јазични компоненти кои беа забележани во моите сонови, соновите на членови од моето семејство, соновите на блиските роднини и соновите на пријателите. Соновите се класифицирани во неколку групи и во секоја група се распоредуваат одделни јазични карактеристики.

Published
Jan 18, 2017
How to Cite
ХРИСТОВСКА, Соња. ЈАЗИКОТ ВО МОИТЕ СОНОВИ И СОНОВИТЕ НА МОИТЕ БЛИСКИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 1063-1070, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1726>. Date accessed: 17 nov. 2017.
Section
Articles