АСПЕКТИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА СТАРОСЛОВЕНСКАТА ЛЕКСИКА

  • Мери Цубалевска

Abstract

Старословенскиот јазик, првиот писмен јазик на словенските народи, одиграл важна улога во развитокот на културата на сите словенски народи и влијаел врз формирањето и развојот на сите словенски литературни јазици. Изучувањето на лексичкиот фонд на старословенскиот јазик од страна на еминентни имиња во славистиката и во македонската
наука за јазикот нотира: генетска разнородност и варијабилност на лексиката. Лексиката е проучувана од повеќе аспекти, кои во одделни трудови различно се комбинираат. Од хронолошки аспект е вршена класификација на лексемите на архаизми и иновации и на примарни и секундарни зборови. Лексиката е проучувана и од аспект на преведувачката техника и карактеристичноста на определен избор на лексеми во рамките на одделни литерарни школи. Лексиката, исто така е анализирана и од аспект
на регионалната маркираност на лексемите. Според територијалната припадност, најопшта класификација е на јужнословенски и западнословенски дијалектен слој. Во некои трудови се применува и статистичкиот метод при истражување на лексиката на старословенските текстови. Сознанијата за црковнословенскиот лексички фонд во македонските текстови претставува значаен прилог кон научното документирање на македонскиот влог во развојот на средновековната писменост. Тие се потврда за историскиот континуитет на нашата културна историја, за лексичката поврзаност на црковнословенскиот јазик со современиот македонски јазик, односно со македонските дијалекти и секако, за единството на лексичкиот систем на дијахрониски план.

Published
Jan 18, 2017
How to Cite
ЦУБАЛЕВСКА, Мери. АСПЕКТИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА СТАРОСЛОВЕНСКАТА ЛЕКСИКА. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 1079-1088, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1728>. Date accessed: 20 sep. 2017.
Section
Articles