КОНТРАСТИВНА АНАЛИЗА НА РАЗВОЈОТ НА ПОЛУВОКАЛИТЕ ВО ДВА ПАТЕРИЦИ СО МАКЕДОНСКА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКА РЕДАКЦИЈА

  • Соња Новотни
  • Михајло Марковиќ

Abstract

Предмет на обработка и цел на истражување во овој труд се Слепченскиот патерик и Слоештичкиот патерик, од каде што првично ги ексцерпиравме определените лексеми во кои следиме употреба на полувокали. Како појдовен ракопис при нашето истражување го имаме определено Слоештичкиот патерик, којшто го определивме за појдовен
поради неговото лексичко богатство со кое изобилува, односно секоја зададена лексема од Слоеш со поголема веројатност ќе ја проследиме и во Слепч. Ракописите коишто се предмет на наша обработка се старословенски ракописи со македонска црковнословенска редакција, од каде што го добиваме мотивот за презентација и обработка на развојниот пат на полувокалите и нивната фреквенција во овие ракописи. Проследивме сличен развој, односно паралелен еволутивен пат на полувокалите во двата ракописи. Влијанието на црковнословенските варијанти од другите јазици (рцсл. и сцсл.) се видни, иако во голема мера не го промениле нивниот развоен пат. Во најголема мера при
истражувањето се служевме со методите на компарација и елаборација, со што практично ја доловивме контрастивната анализа и нејзините резултати во ова истражување.

Published
2018-02-01