УСВОЈУВАЊЕТО НА ПЕРФЕКТОТ ВО IX ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПСКО

  • Марија Гркова

Abstract

Познато е дека граматичката категорија време е една од најкарактеристичните глаголски категории, а, пак, македонскиот јазик се одликува со најголем број глаголски времиња. Меѓу нив е и глаголското време минато неопределено време – перфект, кое може да биде свршено и несвршено.
Перфектот е застапен и како методска единица во наставните програми по предметот Македонски јазик, а согласно со нив и во актуелните учебници по предметот.
Целна група на истражувањето се учениците од IX одделениe во Штипско, одделението во кое се учи и се усвојува перфектот. Притоа, треба да се спомене дека вежбите што ќе бидат цел на анализа по овој повод, а кои се однесуваат на МНВ, ги издвојуваме од наменски составен тест по Македонски јазик.
При подготовката на тестот имавме за цел вежбите да бидат директно врзани со нашата истражувачка тема, од една страна, а од друга, да земеме вежби во кои нема да правиме големи измени и да бидат прилагодени кон возраста и кон нивото на способноста на тестираната група ученици.
Целта на овој труд е преку анализата на добиените резултати од учениците од IX одделение во Штипско, да се види колку го имаат усвоено МНВ, предвидено да се усвои кон последната година од основото образование.

Published
Jan 28, 2019
How to Cite
ГРКОВА, Марија. УСВОЈУВАЊЕТО НА ПЕРФЕКТОТ ВО IX ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПСКО. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 109-118, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2655>. Date accessed: 21 aug. 2019.