КУЛТУРНИОТ И ЕТНИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ЕГЕЈСКИТЕ МАКЕДОНЦИ ВРЗ ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНСКИОТ РОМАН

  • Весна Кожинкова

Abstract

Поставувањето на прашањето за идентитетот, неговото значење, употреба и разбирање секогаш се проследува со доза на ризик. Тоа е затоа што таа тема, речиси, редовно побудува некои слики од минатото проткаени со разгорување на националните, верските и идеолошките страсти кај луѓето. Во тој контекст Македонија е посебно место во таа Балканска мапа, место во коешто се вкрстуваат различни идентитети, се менуваат, модифицираат, се наметнуваат туѓите, но она што останува како реалност е дека борбата за македонскиот идентитет сѐ уште трае. Граѓанската војна во Грција, која се случува по завршувањето на Втората светска војна, со сета своја суровост најтрагично се одразува врз животот на Македонците кои во тоа време живеат во нејзиниот северен дел, дел кој по завршувањето на Балканските војни сосема неправедно ѝ припадна на Грција. Грчката власт применува методи кои го обезличуваат човекот, го отуѓуваат човекот од неговиот идентитет: етнички и културен. За потребите на овој труд, од примарна важност за идентитетот на Македонците од егејскиот дел на Македонија е да се согледаат сите аспекти на идентитетот. Тоа е затоа што процесот на пронаоѓање, потврда и зачувување на нивниот идентитет во суровите историски околности е нешто што се наметнува како суштинска потреба наметната од надвор, од суровиот монархофашистички
режим кој го спроведува тогашната политика.

Published
Jan 29, 2019
How to Cite
КОЖИНКОВА, Весна. КУЛТУРНИОТ И ЕТНИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ЕГЕЈСКИТЕ МАКЕДОНЦИ ВРЗ ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНСКИОТ РОМАН. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 275-286, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2674>. Date accessed: 25 june 2019.