ПРИДОНЕСОТ НА АКАДЕМИК ВЛАДИМИР МОШИН ЗА СЛОВЕНСКИТЕ РАКОПИСИ ВО МАКЕДОНИЈА

  • Виолета Мартиновска

Abstract

Придонесот на академик Владимир Мошин за проучувањето на словенските ракописи во Македонија е огромен. Со неговото доаѓање во Македонија, тој ги проучувал, систематизирал и палеграфски ги обработувал словенските ракописи во Архив на Македонија, посетувал повеќе цркви и манастири во Македонија од каде се собрани повеќе ракописи. Тој е основач на словенската палеографија во Македонија. Иако во длабока возраст, успеал да обработи голем дел од словенското ракописно наследство кое сега се наоѓа во Архив на Македонија, Археографската збирка во НУБ Св. Климент Охридски во Скопје, повеќе цркви и манастири и други институции. Неговата научна дејност е
основа за понатамошни истражувања во врска со словенското ракописно наследство. Како резултат на оваа негова научна активност е издавањето на првиот том од едицијата „Словенски ракописи во Македонија“ во издание на Архив на Македонија, Скопје, 1971. Ова капитално издание се уште е учебник за генерациите кои го проучуваат ова скапоцено ракописно наследство. Македонија е горда и благодарна на научниот профил на академик Владимир Мошин. Тој обработил голем број на словенски ракописи кои до тогаш не биле обработени.Најстариот зачуван ракопис во Археографската збирка во НУБ „Св. Климент Охридски“ е фрагмент од посен триод, пишуван на пергамент, а
потекнува од XIII век. Текстот се однесува на старозаветната личност Соломон. Во оваа збирка се зачувани и други ракописи од XIV-XIX век, некои од нив се пергаментни, а нивната бројка е околу 270.

Published
2019-01-29