СЕМАНТИЧКО-СИНТАКСИЧКИ ИМПЛИКАЦИИ НА ГЛАГОЛОТ ЧУВСТВУВА

  • Виолета Николовска

Abstract

Предмет на анализа на овој труд ќе биде глаголот чувствува и тоа од аспект на семантиката што ја изразува и синтаксичките конструкции што може да ги образува. Теоријата врз основа на која ќе ја вршиме анализата на конструкциите во кои се јавува глаголот чувствува е полската школа на семантичка синтакса (Grochowski i dr. 1984; Тополињска 1995). Според оваа теорија, глаголот чувствува, како глагол на сетилна перцепција, претставува предикат од втор ред. Предикатите од втор ред како прв аргумент го имаат човекот, а како втор аргумент, дел од внатрешниот свет на човекот. Вториот аргумент на овие предикати може да биде формализиран како зависна комплементарна реченица, на семантички план предикатско-аргументска структура или нејзин дериват, оформен како именска синтагма. Семантиката на глаголот чувствува се движи во правец од сетилно доживување до развивање на значење на осознавање со умот, поседување на знаење со помал степен на извесност. Како семантички примарни конструкции за овој глагол ги изделивме оние во кои вториот аргумент го именува самото чувство, душевно или телесно, што го доживува субјектот (умор, страв, тага и сл.). Во овие конструкции експликацијата на содржината на предикатот ја кој примарно означува душевно доживување ја донесува неговиот аргумент.

Published
2019-01-29