НАРОДНА ДРАМА, МАКЕДОНСКО-РУСКИ ПАРАЛЕЛИ

  • Катерина Петровска – Кузманова

Abstract

Во текстот ќе се анализира народната драма како дел од фолклорот во двете култури. Според, истражувањата може да се каже дека во рускиот, како и во македонскиот фолклор, елементи на народната драма се среќават, во календарската обредност и во семејните обреди, особено свадбени. Но, исто така паралели можат да се повлечат и во врска со почетната состојба на синкретичноста во фолклорот, па така театарски/драмски елементи можат да се пронајдат во ороводните игри, како и во други игри каде текстот на песната се јавува како придружен елемент со појаснувања на сето развиено драмско дејство. Покрај овие форми на народна драма, сличности можат да се пронајдат кај вертепските игри застапени во двете култури, кои според својата структура можеме да ги сметаме за народна драма од поразвиен вид. Имајќи го предвид материјалот што ни се нуди за обработка може да се каже дека постојат голем број сличности во однос на народната драма во Македонија и Русија, но секако постојат и разлики кои ќе бидат исто така нотирани во студијата.

Published
2019-01-30