ЖАНРОТ ПОЛЕМИКА ВО ДОМАШНАТА И СВЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА

  • Милена Ристова - Михајловска

Abstract

Во овој труд правиме хронолошки приказ на појавата и развојот на жанрот полемика. Полемичките дела во хеленската литература датираат од II век пред новата ера. Првото појавување на полемичката литература произлегува од Египет. Од шестиот век Шпанија станува легло на христијанската полемика против Евреите, кои, пак, одговарале со контра-трактати на латински јазик. Како податок за „преживеани“ полемички списи постои една општа листа што содржи околу осумдесет книги, додека бројот на полемички дела од тоа време е над 250. Во Украина и Белорусија полемичката литература датира од верските религиозни борби на XVI и XVII век. Во редот на средновековните дејци од нашиве простори, ставаме акцент на полемиките на: Константин Кирил Филозоф, Презвитер Козма и Црноризец Храбар. Трудовите „Беседа против богомилите" од Презвитер Козма и „За буквите" од Црноризец Храбар припаѓаат на жанрот ораторска полемика. Меѓу нив има многу заеднички елементи. И двете дела се состојат од одделни прашања (тези, сфаќања), што авторите ги отфрлаат или толкуваат. Така, структурата и на двете дела претставува единство од микро–структурни единици што ја чинат поетиката на средновековната полемика од македонската писмена традиција.

Published
Jan 30, 2019
How to Cite
РИСТОВА - МИХАЈЛОВСКА, Милена. ЖАНРОТ ПОЛЕМИКА ВО ДОМАШНАТА И СВЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 541-548, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2705>. Date accessed: 16 oct. 2019.