ПРЕЧКИ ВО КОГНИТИВНОТО УЧЕЊЕ ОД АСПЕКТ НА НАСТАВНИЦИТЕ

  • Умит Сулејмани

Abstract

Според Пиаже, иако процесот на постепено јазично едуцирање започнува од механичките моделирања коишто детето ги доживува како резултат на интеракцијата со  околината, овие моделирања во завршниот дел се претвараат во одредени ментални структури и создаваат центар за целосен ментален (когнитивен) развој. Во овој процес детето поминува од мисловни постапки какви што се адаптација, критика, испрашување и заповед и преку развивање на хипотези стигнуваат до јазични структури коишто се
општествено прифатени.
Во табелата „причини за пречки при употребата на методи и техники за когнитивно учење од аспект на наставникот“,“ од анкетираните 14 предметни наставници коишто преадаваат Турски јазик во основните училишта можеме да видиме дека 78,57% од наставниците одговориле дека најголема пречка е немањето доволно средства, алатки и техники, додека 21,43% одговориле дека тоа е разликата во капацитетот на когнитивните способности на учениците.

Published
2019-01-30