ПРОЕКЦИИ ЗА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА ДИПЛОМАТИЈА, СПОРЕД „НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА КУЛТУРАТА ВО Р. МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2018-2022 ГОДИНА“

  • Васко Шутаров

Abstract

Културните политики и културните дипломатии на државите во современиот свет се во постојана трансформација, диктирана најмногу од динамиката на внатрешно-политичките процеси и распоредот на меѓународни сили и интереси. Културата многу често ги антиципира промените и се појавува во својство на нивен предвесник или промотор, а анализата на пораките кои културата ги еманира, може да ги предвиди понатамошни правци на дејствување, не само на културните политики и акциите на културните дипломатии, туку и на политиките на државите воопшто. Современите, развиени и добри културни практики тоа го прават исклучително умешно, добро осмислено и суптилно, а такво треба да биде и “декодирањето” на контекстот во кој се создаваат, проектираат и реализираат. Културниот контекст, кој најуспешно се открива преку алатките и инструментите на културата, е вистински предизвик како за науката која се занимава со оваа област, така и за официјалните политики на државите, бидејќи во овој контекст се содржани и вмрежени сите поважни врски, од историските, традиционално-обичајните, до најсовремените системи од вмрежувања, со симболиките на
новото време и новите форми за комуникација.

Published
2019-01-30