УСВОЈУВАЊЕТО НА ИМЕНКИТЕ ВО VI И ВО VII ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПСКО

  • Марија Гркова

Abstract

Познато е дека именките припаѓаат во менливите зборовни групи, а според тоа се одликуваат со граматички категории. Така, при промена на формата на именката понекогаш може да дојде до појава на јазични грешки кои се предмет на истражување по овој повод.
Целна група на истражувањето се учениците од VI и од VII одделение во Штипско. Притоа треба да се спомене дека во VIII и во IX одделение од аспект на менливите зборови, учениците се запознаваат главно со глаголскиот систем на македонскиот јазик, па, оттука во овој труд не ги опфаќаме учениците од овие одделенија.
Водејќи сметка за методичките содржини за именките што се обработуваат во шестото и во седмото одделение според Наставните програми по Македонски јазик преземени од Бирото за развој на образованито на Р. Македонија, беше подготвен наменски составен тест по Македонски јазик.
При подготовката на тестот имавме за цел вежбите да бидат директно поврзани со нашата истражувачка тема, од една страна, а од друга, да земеме вежби во кои нема да правиме големи измени и да бидат прилагодени кон возраста и кон нивото на способноста на тестираната група ученици.
Целта на овој труд е преку анализата на добиените резултати вклучувајќи ги и јазичните грешки од учениците од VI и од VII одд. во Штипско, да се види колку ги имаат усвоено именките и нивните граматички категории, кои се предвидени да се усвојат токму во предметната настава во основото образование.

Published
Feb 15, 2020
How to Cite
ГРКОВА, Марија. УСВОЈУВАЊЕТО НА ИМЕНКИТЕ ВО VI И ВО VII ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПСКО. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 76-83, feb. 2020. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/3440>. Date accessed: 07 apr. 2020.