КОНТРАСТИВНА АНАЛИЗА НА УПОТРЕБАТА НА МОДАЛНИТЕ ГЛАГОЛИ КАКО МАРКЕРИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈАЛНОСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Сашка Грујовска-Миланова

Abstract

Во трудот се разгледува употребата на модалните глаголи во македонскиот и во германскиот јазик како маркери за евиденцијалност. Се анализира кои модални глаголи може да се користат како маркери за евиденцијалност, кои видови извори на информација се означуваат со нив и нивната врска со деонтичката и со епистемичната модалност. Анализата на употребата на модалните глаголи како маркери за евиденцијалност во македонскиот и во германскиот јазик ги покажува сличностите и разликите меѓу двата јазика. Дополнително, се разгледува употребата на модалните глаголи како маркери за евиденцијалност во германскиот јазик врз примерот на делото „Процес“ од Франц Кафка. Потоа, се анализира дали во истиот контекст и во преводот на македонски јазик се употребени модални глаголи или други маркери за евиденцијалност.

Published
Feb 15, 2020
How to Cite
ГРУЈОВСКА-МИЛАНОВА, Сашка. КОНТРАСТИВНА АНАЛИЗА НА УПОТРЕБАТА НА МОДАЛНИТЕ ГЛАГОЛИ КАКО МАРКЕРИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈАЛНОСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 83-88, feb. 2020. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/3441>. Date accessed: 05 july 2020.