ЕКСПЛИЦИТНИТЕ ОБЈАСНУВАЊА КАКО НЕОПХОДНА ИЛИ НЕПОТРЕБНА КОМПОНЕНТА ВО РАМКИТЕ НА ПОУЧУВАЊЕТО ГРАМАТИКА СО ОБРАБОТКА НА ИНПУТ

  • Весна Коцева

Abstract

Во овој труд се претставуваат дел од истражувањата коишто се направени со цел да се утврди дали експлицитната информација е неопходна или, пак, e непотребна компонента на пристапот поучување граматика со обработка на инпут и дали во овој пристап се доволни само активностите со структуриран инпут. Во воведниот дел накратко се опишуваат основните карактеристики на овој тип на настава и на активностите со структуриран инпут. Во продолжение на трудот се разгледуваат истражувањата на Ван Патен и Оикенон, на Вонг, како и истражувањето на Бенати. Потоа, се нагласуваат предизвиците, тешкотиите и пречките во утврдувањето на долготрајните ефекти од поучувањето граматика со обработка на инпут, преку истражувањето на Ван Патен и Фернандез. Во завршетокот на трудот се дискутира за резултатите и заклучоците од наведените истражувања.

Published
Feb 16, 2020
How to Cite
КОЦЕВА, Весна. ЕКСПЛИЦИТНИТЕ ОБЈАСНУВАЊА КАКО НЕОПХОДНА ИЛИ НЕПОТРЕБНА КОМПОНЕНТА ВО РАМКИТЕ НА ПОУЧУВАЊЕТО ГРАМАТИКА СО ОБРАБОТКА НА ИНПУТ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 187-194, feb. 2020. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/3457>. Date accessed: 05 july 2020.