ОКСИМОРОНОТ ВО „НЕЖНОТО СРЦЕ НА ВАРВАРОТ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

  • Ранко Младеноски

Abstract

Трудот претставува книжевно-теориска интерпретација на оксиморонските поетски структури во збирката „Нежното срце на варварот“ од македонскиот автор Венко Андоновски. Целта на ова истражување е да се провери (да се потврди или да се отфрли) работната хипотеза дека стиховите во оваа поетска збирка од Андоновски се доминантно оксиморонски со оглед на оксиморонскиот карактер на насловот на стихозбирката. Во таа смисла, ќе се истражува и присуството на уште неколку стилски фигури кои според својата структура гравитираат кон оксиморонот како семантичка метабола: парадокс, тавтологија, плеоназам и иронија. При интерпретацијата ќе се оперира со општите научно-истражувачки методи како што се анализа, синтеза, индукција, дедукција и компаративниот метод со чија помош ќе се дојде до заклучокот во кој се афирмира поставената работна хипотеза за доминацијата на оксиморонот во поетската збирка „Нежното срце на варварот“ од Андоновски.

Published
Feb 16, 2020
How to Cite
МЛАДЕНОСКИ, Ранко. ОКСИМОРОНОТ ВО „НЕЖНОТО СРЦЕ НА ВАРВАРОТ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 240-247, feb. 2020. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/3466>. Date accessed: 12 july 2020.