МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ И НОВИТЕ ОБРАЗОВНО-КУЛТУРНИ ПРЕДИЗВИЦИ

  • Васко Шутаров

Abstract

Во време во кое сме изложени на прекумерна медиумска присутност, исклучително важно станува стекнувањето на вештини во справувањето со неконтролираниот наплив од информации и содржини, од секаков вид и потекло. Современиот општествен живот претпоставува секојдневно користење на медиумите и новите информатички технологии, но и непрестано стекнување на нови вештини за мудро, рационално, етичко и ефикасно користење на истите, во процесите на учење, истражување, комуницирање и информирање, или просто забавување. Медиумската писменост, која е релативно нова општествена категорија, се наметнува од потребата за поттикнување на критичко и аналитичко размислување и развој на граѓанската свесност и во овој контекст подразбира подигнување на компетитивноста за критичка валоризација и самостојно креирање на медиумските пораки. Демократските општества во себе императивно мора да им го имаат вградено непреченото уживање на правото на слобода на говор и информирање, како предусов за изразување на граѓаните и општествено активното граѓанство. Но, само медиумски и дигитално описменети граѓани можат квалифицирано да учествуваат во процесите на лоцирање, размена, користење и создавање информации. Традиционалната писменост (јазичката и математичката) мора да биде надополнета со медиумска писменост, која во бројни држави е веќе составен дел од образовниот систем (како формално, така и неформално), а освен образовните, неопходни се и културни програми и студии за комплетно инкорпорирање на медиумската писменост во секојдневниот општествен живот на секој граѓанин, а со тоа и на развојот на критичката граѓанска свест на поширок општествен план.

Published
Feb 16, 2020
How to Cite
ШУТАРОВ, Васко. МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ И НОВИТЕ ОБРАЗОВНО-КУЛТУРНИ ПРЕДИЗВИЦИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 425-431, feb. 2020. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/3492>. Date accessed: 07 apr. 2020.