Штипските читални од XIX век како вистински културни центри

  • Elena Josimovska

Abstract

Просветителството како европско, интелектуално дви же ње кое го зафатило целиот XVIII век во Македонија, поради специфичните општествени, политички и културни услови започнува да се јавува дури во втората половина од XIX век. Поучени од европското искуство, пред сè од француските т.н. „книжевни салони“, граѓанската класа од Штип започнала сѐ повеќе да ја чувствува потреба за книга и читање. Овој граѓански слој, со свои доброволни прилози, започнал да фор ми ра места за интелектуални средби на младите т.н. „читалишта со библиотека“ уште пред 1860 година.

Published
2013-04-10