Announcements

 

ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРОМЕНИ ВО ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ“

Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип Република Македонија

6, 7 Септември 2018 година, Штип, Република Македонија

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Ве поканува да учествувате со Ваши трудови на Петта меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, која ќе се одржи во Штип од 6-7 Септември 2018 година. Ги покануваме сите научни работници и истражувачи да учествуваат во споделувањето на искуства и идеи на различни општествени теми (право, политика и меѓународни односи, социологија, антропологија, медиуми и комуникации, хумана географија итн.).

Три официјални јазици на Конференцијата се македонскиот, англискиот и рускиот. Подолу можете да ги видите областите на истражување на кои ќе се однесува Конференцијата.

      • Општа теорија на државата и правото
      • Историја на Правото
      • Административно право
      • Казнено право
      • Граѓанско право
      • Деловно право
      • ЕУ како Глобален актер
      • Геополитика и Меѓународни односи
      • Глобализација и Регионализација
      • Човекови права
      • Политички режими, Политички идеологии, Политички партии и Избори
      • Колективни безбедносни системи и Безбедносните предизвици во 21 век
      • Јавни политики и Јавна администрација
      • Религијата и културата во Глобалниот свет
      • Граѓанското општество и општествените движења во Глобалниот свет
      • Местолокацијата во Секојдневниот живот
      • Живеејќи на работ помеѓу културите и повеќеслојните општества
      • Социо- просторната реконфигурација во рамките на трансформирачките околини и општества
      • Глобализација
      • Етницитет, национализам и колективни идентитети
      • Миграциии
      • Семејството и семејните вредности во Глобалниот свет
      • Полови идентитети
      • Влијанието на медиумите врз општествената промена
      • Нови медиуми – Нови предизвици
      • Медиумите во политичкиот и општествениот дискурс
      • Влијанието на Мас-медиумите за развојот на регионот
      • Транспарентност и Односи со јавноста
      • Комуникацијата како основа на едно општество
      • Моќта на информацијата во Современиот свет

Важни датуми

Поднесување на апстракт: 01 Мај 2018 година (до 250 збор.)

Известување за прифаќање на апстракт: 5 Мај 2018 година

Поднесување на целите трудови: 15 Јуни 2018 година (3000 до 6000 зборови)

Известување за прифаќање/одбивање на трудот: 15 Јули 2018 година

Поднесување на финална верзија на труд: 1 Август 2018

Регистрација (до 1 Август 2018 година): €50

Доцна регистрација (до 20 Август 2018 година): €70

Објавување на труд без учество (до 1 Август 2018 година): €100